Земјоделски советодавен центар во Брвинов – ЦДР (опис) ЦДР е јавен субјект. Мисијата на центарот е да ги промовира и развива руралните области, да го поддржува одржливиот развој на руралните области и да ги подобри професионалните квалификации на земјоделските советници, наставниците во земјоделските училишта и другите жители на руралните средини, промовирање и ширење на културното и националното наследство, особено во руралните области. Филијалата на ЦДР во Краков организира стручна обука и консултации за вработените во земјоделските советодавни центри, наставниците, земјоделците, младите и другите жители на руралните средини од областа на:
- агроуризам;
- локалните заедници;
- рурално културно наследство;
- локални производи;
- не-земјоделско претприемништво спроведено од земјоделци и млади земјоделци.
ЦДР соработува со други земјоделски советодавни центри, научни и истражувачки институции, државни иституции и локалната самоуправа, организации на земјоделци и други организации кои работат за развој на руралните области и земјоделството.