Platform

Европската виртуелна интерактивна мрежа и платформа во проектот YOU_WEEN! Ќе биде достапна на англиски јазик.
Благодарение на платформата и иновативната содржина, младинските работници ќе имаат можност да ги подобрат нивните ИКТ компетенциите.

Употреба на платформата со цел следење на активностите преку мешано учење.
На крајот од проектот младинските работници ќе имаат:

  • Подобрени компетенции за неформалните методологии за обука;
  • Подобрена комуникација и подобрени меѓучовечки и странски јазични вештини;
  • Подобрени ИКТ компетенции;
  • Искуство во водење на младинска група низ процесот на креирање на локални одржливи решенија

Покрај тоа, за време на проектот, ќе има серија иновативни “зелени предизвици” за локалните заедниците од кои доаѓаат младите жени, промовирани преку платформата и поврзани со тематските денови на одржливост, како што се Денот на Земјата, Светскиот ден на водата, Неделата на одржлива енергија на Европската Комисијата. Предизвиците се дизајнирани со цел да се вклучат учесниците и локалните заедници во проектот.

На крајот од проектот, како видливи резултати, YOU_WEEN! ќе произведе:

  • 14 видеа за едукативна обука (преведени на англиски јазик и на партнерски јазици во проектот)
  • 1 виртуелна интерактивна мрежа и платформа (на англиски јазик)