Резултати

Во Проектот YOU_WEEN! главна целна група се млади жени од рурални средини, кои се засегнати преку различни активности во проектот со цел да го поттикнат развојот на нивните компетенции.

Во проектот ќе бидат вклучени 280 млади жени во сите земји-партнери во проектот во креирањето и пилотирањето на Европската виртуелна интерактивна мрежа и платформа.

Младите жени ќе учествуваат во активностите за учење преку обука за развој на претприемачките компетенции. Младите жени ќе бидат вклучени и во младинскиот одбор на проектот преку 2 претставници во секоја земја. Младинскиот одбор ќе биде дел од сите активности што ќе се одвиваат локално, како што се проектните состаноци, мултипликаторските настани итн.

Ова секако ќе го зголеми нивното чувство за одговорност, како и нивните менаџерски и организациски вештини. На крајот од проектот, 280 млади жени ќе имаат:

  • Зајакнати претприемачки и менаџерски вештини;
  • Знаење за различните животи во руралните средини, скриените можности и организациските структури (во однос на бизнисот и претприемништвото)
  • Подобрена комуникација и подобрени меѓучовечки и странски јазични вештини;
  • Подобрен и зголемен капацитет за тимска работа, социјални вештини, културна свест, прифаќање на културната разновидност, зголемена толеранција кон другите и родова еднаквост;
  • Подигната свест и знаење за еколошките проблеми и добри практики, како и одржливите решенија;
  • Подобри ИКТ вештини, благодарение на употребата на платформата и создавањето на иновативна содржина;
  • Зголемена самодоверба и самостојност.

 

Младинските работници, исто така ќе имаат голем бенефит од проектот, и обуката во проектот, каде што ќе бидат обучени за:

1) Методологија на коучинг кругови;

2) Неформални методологии за обука за вклучување на млади жени од рурални средини во локални одржливи решенија;

3) Користење на платформата со цел следење на активностите преку мешано учење.

 

На крајот од проектот, младинските работници ќе имаат:

  • Подобрени компетенции за неформалните методологии за обука;
  • Подобрена комуникација и подобрени меѓучовечки и странски јазични вештини;
  • Подобрени ИКТ компетенции;
  • Искуство во водење на младинска група низ процесот на креирање на локални одржливи решенија”.